9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Повторно гореа трски на брегот на Охридското Езеро

Вчера покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и селото Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска, соопшти Министерстото за внатрешни работи.

Од МВР велат дека од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот бил локализиран.

Од почетокот на годинава, во повеќе наврати се палат трски покрај брегот на езерото. Ваков случај имаше и пред две недели во Струга кога трската гореше неколку часа, а на терен со часови немаше никој да го изгаси пожарот. Невладините организации стравуваат дека зад случаите со палење трски се кријат економски и градежни интереси покрај езерото и постојано апелираат за зачувување на природата во Охрид и Струга. На реакциите во јавноста за ситуацијата на охридското крајбрже кај Струга, минатата недела одговорија од општината, од каде демантираа дека Струга има врска со узурпирањето на градските плажи или палењето на трските.

Спонзорирано: