25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кои се партиските активисти кои наводно ја напуштиле трибината на Министерството за земјоделство?

Митко Јанков, претседател на здружението „Агро центар“, еден од организаторите на протестите на одгледувачите на овци, што повикува на протест против МЗШВ и актуелната Влада, не му е прв пат да повикува на протест, но сериозните сточари го знаат дека не е земјоделец, туку политички активист.

10 години никогаш не повикал на протест иако откупната цена на јагнето беше мизерни 100 денари за килограм, велат земјоделците.

Навидум загрижен за сточарите, а всушност одработува за ВМРО ДПМНЕ. Главниот логистичар е Тони Тасков, човек од доверба на ВМРО ДПМНЕ, вработен во Агенцијата за поттикнување на земјоделството, подрачна канцеларија во Велес, кој злоупотребувајќи ја службената моќ, ги манипулира земјоделците на протести.

Тони и Митко се главните организатори на протестот на сточарите пред МЗШВ, што беше на 20 декември минатата година. Земјоделците беа донесени со платен автобус, а сега истите двајца се организатори и на пресот и протестот вчера во општина Чашка, за што говори сликата во прилог каде Тони (свртен со грб во карирана кошула) им дава насоки на сточарите како да дејствуваат.

За нивната партиска љубов сведочат и сликите каде со партиски обележани маици, двајцата се појавуваат на партиски настани.

Митко е и еден од подржувачите на групата „ќосиња“ од Велес, група чии членови на 27 април насилно упаднаа во Собранието, со цел да го ликвидираат премиерот Зоран Заев.

Дали Митко Јанков, е вистински загрижен за сточарите или одработува за партиска агенда?