24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Снежана Матовска: Системско решение за учество на лицата со попреченост во спортот и танцувањето

Постои помош но она кое што недостига е системско решение за учество на лицата со попреченост и во спортот и танцувањето, а не само добра волја на поединци како физички лица или компании- истакна Снежана Матовска танцов тренер од Денсерс Јунајтед на денешната трибина Агенда 20-24.

Матовска зборуваше во поглед на изнаоѓање на поконкретни решенија и вклученост на овие лица како општествено корисни граѓани, што воедно за нив значи и поголем психо -физички развој.

Денсерс јунајтед е општествено – одговорна компанија која вклучува лица со даунов синдром и останати лица со попреченост со цел да им се покаже на сите дека лицата со попреченост можат да дадат многу без разлика дали се работи за спорт или танцувања, рече Матовска Снежана.

Таа потенцираше дека оваа компанија започнала со скромни очекувања чија цел била лицата со посебни потреби да бидат вклучени со активно учество во општеството. Иако очекувањата биле мали, резултатите зборуваат за многу големи успеси на државно, европско и светско ниво и освојување на злато на светско ниво. Ваквиот успех ја потенцира потребата од системско решение за учеството на лицата со попреченост во спортот и танцувањето.

СДСМ започна серија на програмски трибини со стручната јавност, со граѓаните, со невладините организации на кои се разговара за нови мерки за новата програма на партијата.