27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против Договорот од Преспа, значи и дека се против НАТО и ЕУ и сакаат да не врати назад

ВМРО ДПМНЕ 2,5 години единствено нешто што го прави ја блокира државата, сака да не врати назад, да не извади од НАТО и да не оддалечи од ЕУ, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија.

Тоа е страшно и според мене како млад човек, како млад политичар после историските успеси коишто ги имаме и постигнувањето на договорот од Преспа за што добиваме признание од сите и коешто е завршена работа, да го слушаме денес лидерот на опозицијата да повикува доколку добие шанса ќе биде прв којшто ќе го врати, ќе го поништо договорот. А тоа значи дека ќе не исклучи од НАТО, тоа значи дека не е за европските интеграции, тоа значи дека не сака државата да биде интегрирана во европските структури. Впрочем тоа е континуирана деструктивна политика на ВМРО ДПМНЕ во еден многу долг временски период.-истакна Николовски.

Тој посочи дека нашата држава нема друга алтернатива и друга подобра понуда, нејзината иднина се НАТО и ЕУ.

Истиот тој лидер на опозиција едно зборува надвор, а друго дома. Истовремено им смета договорот од Преспа ,а не им смета да земаат плата од нашата држава под името Северна Македонија, не им смета во ЕПП да бидат под уставното име, тие се без став и без концепт.-посочи Николовски.