25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

На почетокот на годината, договор за источен медитерански гасовод

Лидерите на Кипар, Грција и Израел планираат да потпишат договор за изградба на источен медитерански гасовод на почетокот од новата година, објави кабинетот на грчкиот премиер.

Договорот ќе биде потпишан во Атина на 2 јануари од страна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кипарскиот претседател Никос Анастасијадес и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Гасоводот ќе се движи преку Медитеранот од израелските резерви на гас до грчкиот остров Крит и грчкото копно, а потоа до Италија.

Договорот ќе биде комплетиран со подоцнежниот потпис на Италија, соопштија од канцеларијата на Мицотакис.

Во мај италијанскиот премиер Џузепе Конте изрази спротивставување на проектот „Посејдон“, кој е последен дел од гасоводот што ќе ја поврзе Грција со Италија.

Кипар, Грција и Израел веќе потпишаа договор за гасоводот од 1.900 километри претходно оваа година во присуство на американскиот државен секретар Мајк Помпео./Makfax