26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Врнежи од снег на Попова Шапка, во прекин сообраќајот кон Пелинце

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка, но без прекин во сообраќајот.Поради одрони, сообраќајот кон граничниот премин Пелинце е во прекин од 22.12.2019 од 21:30 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Возач од Кавадарци управувал возило со 2,01 промили алкохол во крвта, лишен е од слобода и ќе му биде поднесена соодветна пријава

ДЕСК

Приведено лице во Дебар поради предизвикување пожар, следува пријава

ДЕСК

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

C +