Политичката партија „Достоинство“ денеска ја одржа својата годишна конвенција.
Претседателот на партијата Стојанче Ангелов ги повика граѓаните да се приклучат на „Достоинство“, особено ако се против режимот на ВМРО ДПМНЕ.
“Што се однесува до македонскиот јазик и идентитет сметаме дека воопшто не треба да се преговара. Ние сме Македонци кои го зборуваат македонскиот јазик”, рече тој.
Ангелов кажа дека Гоце Делчев е Бугарин онолку колку што Македонците коишто имаат бугарски пасош се Бугари.