23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Под итно решете се од овие непотребни работи – ќе ви се промени животот

Ова време е совршено за освежување на домот, но и на стилот на живот. А најдобар начин тоа да го постигнете е да се решите од непотребните работи кои понекогаш ги натрупувате во домот.

Како би добиле чист простор (кој често го следи и смирувачки ефект), ви пренесуваме неколку совети, со кои предмети би требало да се поздравите:

1. Подароци кои ретко ги користите

Иако е посебно тешко да се фрли нешто што сте го добиле на подарок, особено ако станува збор за подарок од блиска личност, некои работи едноставно не ви требаат. Ако се работи за речиси неискористен предмет, можете да го донирате или продадете.

3. Документи и хартија кои веќе не ви требаат

Размислувајте вака: се` во мојот дом би требало да биде убаво или корисно. Значи, работите би требало да „работат“ за вас, а не вие за нив.

3. Наследени предмети кои не се функционални ниту имаат сентиментална вредност

Ова е уште една чувствителна тема, знаеме, но понекогаш треба да сфатиме дека можно е да се оддели емотивната поврзаност од предметите кои не потсетуваат на саканите кои веќе ги нема.

4. Облека која ретко ја носите

Иако модните трендови со време се враќаат во мода, не сметајте на тоа да чувате облека од пред 20 години која и онака не може да ве собере.

5. Кујнски додатоци кои ретко ги користите

Само затоа што нешто ви изгледало супер, било на акција и сте го користеле веднаш по купувањето, тоа не значи дека ќе го користите повторно.

6. Празнични украси кои е невозможно јавно да се изложат

Погледнете ги сите кутии со украси и фрлете ги сите кои со години не ги вадите од кутиите.

И.С.

Спонзорирано: