23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАКУЈНА

Новогодишната трпеза носи среќа: Никако не јадете пилешко, а за богатство подгответе го ова

Поставувањето богата новогодишна трпеза нема за цел само да не нахрани, туку секое јадење треа да биде внимателно избрано бидејќи со себе носи одредена симболика на среќа, напредок, благосостојба. Покрај веќе традиционалната руска салата, свинско печење, зелка салата и торти, на трпезата свое место треба да најдат и риба и грозје.

Еве зошто баш тие намирници:

Грозје

Грозјето, пред се`, е симбол на здравје и јачина, па се препорачува после полноќ да изедете точно 12 зрна, за секој месец по едно, како би биле здрави наредната година.

Риба

Бидејќи за новогодишната ноќ трае пост, рибата би требало да се најде на вашата трпеза. Покрај тоа, таа симболизира движење без препреки, па ви наговестува лесна година.

Свинско месо

Свинското месо е симбол на изобилство и богатство.

Зелка салата

Поради својата зелена боја ја симболизира хармонијата на природата и добрата среќа, како и долговечноста.

Торта

Поради самата своја структура која содржи многу шеќер, тортата е симбол на сласт.

Она што никако не се препорачува на новогодишната трпеза е месо од пердувести животни, бидејќи тие имаат крила, па ја симболизираат среќата која ве напушта.

Фото: Pixabay

 

М.А.