Centar.mk
ЛОКАЛНО

Над 4.000 граѓани учествуваа во правењето елка од луѓе во Скопје

Околу 4.000 луѓе денеска на Плоштадот „Македонија“ се придружија на обидот за поставување нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе.

„Благодарност до сите граѓани, сите скопјани, што земаа учество во оваа предновогодишна манифестација. Направени се снимките, тие ќе бидат испратени и деновиве ќе очекуваме известување дали е соборен Гинисовиот рекорд. Ние очекувавме околу 5.500 луѓе, не успеавме да ја доловиме таа бројка, но имаше околу 4.000 луѓе што е блиску до рекордот од 4.030 учесници и треба да почекаме официјално да видиме дали е срушен рекордот. Верувам дека доколку ова биде рекорд, на сите што беа учесници ќе им претставува убав спомен во нивните животи“, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници.

Настанот беше проследен со музичко-забавна програма со Бени Шаќири и Нон стоп.

Можеби ќе ве интересира

Перински: Карпош е пример за современа општина во која граѓаните учествуваат во креирање на локалните политики

ДЕСК

Странски и домашни експерти работат на физибилити студијата за гондола на “Пелистер”

ДЕСК

Перински: Еднаква поддршка за сите – урбаните општини имаат целосен пристап до услугите на Ресурсниот центар

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.