Едно лице загина во пожар кој избувнал синоќа во куќа во велешката населба Варналиите.
Според првичните информации загинал сопственикот на куќата, на возраст од околу 80 години. Куќата што изгорела е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите, со автентична стара велешка архитектура од 19 век.
Пожарот избувнал околу 23 часот. На велешките пожарникари им помагале колеги од Скопје и од соседните градови.
Денеска се очекува јавен обвинител да изврши увид за да се утврдат причините за настанување на пожарот./Makfax