Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бојан Маричиќ е именуван за Национален координатор за интеграција во Европската Унија, Марјан Забрчанец е именуван за Национален координатор за стратегиски комуникации

Од страна на Владата на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ е именуван за Национален координатор за интеграција во Европската Унија, Берлински процес и регионална соработка, а Марјан Забрчанец е именуван за Национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата на Република Северна Македонија.

Овие две именувања на национални координатори се со цел за време на техничката влада да се обезбеди контиунитет во започнатите процеси во сферата на европските интеграции и регионалната соработка, како и во сферата на професионализацијата на владините јавни комуникации согласно владината комуникациска стратегија.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови, тврди СДСМ

ДЕСК

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК