Интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација
Режим – никогаш повеќе!
11 години државата беше во заложништво, изолација, постојани конфликти и поделби, целосно отфрлена од демократскиот свет.
11 години ВМРО-ДПМНЕ системски ги погазуваше човековите права и слободи, вршеше притисоци врз медиумите и новинарите, а инстутуциите ги претвори во партиски штабови и тие наместо на граѓаните им служеа на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ на чело со криминалецот во бегство Никола Груевски.
За 11 години власт ВМРО-ДПМНЕ успеа да направи заробена држава.
Денес, остатоците од заробената држава се уште се присутни во правосудниот систем.
Членовите на „Сваровски судството“ го поткопуваат правниот систем и работат на штета на правдата.
Дел од овие сваровски судии продолжија да ја контролираат работата и исходот на судските процеси во кои беа осомничени токму протагонистите на режимот.
Наместо да се ослободат од сопствените окови, овие Сваровски судски центри на моќ застанаа на патот на правдата.
Тоа мора да престане веднаш!
Тие институции мора да ја променат својата работа, а сите вработени мора да одговараат пред граѓаните за својата работа!
Денеска повторно ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш.
Судскиот совет мора да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите.
Граѓаните да дознаат кој тоа влијае врз судиите, зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?
Нам ни треба судство кое одлучува, а не судство кое застарува предмети! Потребни ни е судство кое ќе носи, а нема да попречува правда.
Граѓаните заслужуваат да живеат во правна држава и за тоа нема компромис.
Затоа на следните избори Северна Македонија ќе избира меѓу напредок и уназадување. Ќе избира помеѓу правда и неправда.
Нема дилема што ќе одберат граѓаните. Тие ќе гласаат за напредок, развој и интеграција во правна држава која е партнер на светот.
На прав пат сме. На тој пат треба да ја завршиме борбата за правда.
Тоа го очекуваат сите, тоа и го должиме на јавноста и тоа заедно со граѓаните ќе го обезбедиме.
На 12 април граѓаните масовно ќе потврдат дека сме на прав пат и силно ќе порачаат режим – никогаш повеќе.