24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Богоев по тепачката за ДУП-от во Жданец: Инцидентот е политички креиран!

По тепачката во преполната сала на месната зедница во Козле, додека се презентираше ДУП-от за Трнодол, градоначалникот Стефан Богоев реагира дека инцидентот e политички креиран. Тој вели дека сигурно има совесни граѓани кои се и ЗА и ПРОТИВ, но кои се злоупотребени за политички цели, пишува Фокус.

-Лажните информации кои беа пласирани изминатите денови предизвикаа инцидент за работи за кои веќе е постигната согласност и Општината и граѓаните се на иста страна. Се измислуваат работи кои воопшто не постојат во Предлог ДУП-от. Група на граѓани, уште на самиот почеток свесно и со намера сакаа да предизвикаат инцидент. Беше повреден вработен од општината, му го скршија мобилниот телефон, а скршена е и врата, вели градоначалникот Богоев.

Тој вели дека ДУП-от се однесува само на населеното место Трнодол.