Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Одложена јавната расправа за ДУП-от по тепачката

Jавната презентација на ДУП-от во Карпош за делот кај Трнодол е одложена откако настана тепачка помеѓу насобраните граѓани.

Луѓето тврдат дека имало лица кои не биле од Трнодол, односно 15 од Жданец и околу 50 лица од други места, кои биле провокатори.

Полицијата прави записник за физичката пресмета, откако сите граѓани беа изнесени надвор од салата.

Дел од граѓаните реагираа зошто полицијата не го обезбедувала местото, на што добија одговор дека полицијата нема задача да обезбедува мирни настани, каков што требаше да биде и овој.

Атмосферата беше тензична уште на почетокот на закажаното време за презентацијата, но ексалираше во салата не ги собра сите дојдени граѓани.

А.Т./ извор/фото Локално.мк

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК