6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Облачно и дождливо со температура до 9 степени

Преку ноќта беше облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови. Утрово, во западните планински подрачја има врнежи од снег. Дуваше умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во текот на денот ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Можеби ќе ве интересира

Рацин.мк: Горан Марковски должи одговор на прашањето каква е неговата поврзаност со фирмата ДИПКО

C +

Шукова и Мојсова: Наместо дива депонија зелен парк во Карпош

C +

Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

C +