Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Преку денот ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер.
Од вторник ќе преовладува променливо и врнежливо време. Уште од ноќта кон вторник ќе има зголемена облачност и од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои на планините ќе бидат од снег.
Од вторник кон крајот на денот на запад и на север дождот ќе поминува во снег и на повисоките места. Овие врнежи повремено ќе се поинтензивни (над 25 л/м2) особено во западните делови и на југ.