27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нов земјотрес предмалку ја стресе Албанија, почувствуван и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава, на 02.12.2019 регистрирше земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на растојание 160km југозападно од Скопје.

Земјотресот се случи во 9 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда 4.3.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката (Кичево, Охрид и Битола) со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од III степени во

Скопје и околината според истата скала.