23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

„Епл“ казнет со половина милијарди долари поради соработка со словенечка фирма од црната листа

Американскиот гигант „Епл“ треба да плати речиси половина милијарди долари пенали поради обвиненијата дека склучил договор со словенечката софтверска компанија АТР.СИС.д.о.о., која, пак, беше снакционирана поради обвиненија за трговија со наркотици, наведува американското Министерство за финансии, пишува „Волстрит журнал“.

„Епл“ ги прекршил американските санкции така што хостувал, продавал и олеснувал пренос на софтверски апликации на словенечката компанија, која била на црната листа.

„Во 2017 година откривме дека непромислено сме плаќале на компанија која е на црната листа“, изјавил портпаролот на „Епл“.

„Епл“ наводно во 2008 година склучил договор за развој на апликација со компанијата СИС д.о.о., програмерска компанија со седиште во Словенија. Во февруари 2015 година, Министерството за финансии на САД ја ставило компанијата на црната листа, а нејзиниот мнозински сопственик Саво Стјепановиќ, наводно бил дел од меѓународна мрежа за трговија со дрога. Поради тоа, имототот на СИС и на Стјепановиќ биле блокирани, а на американските поединци и фирми им било забрането да соработуваат со нив. Во мај 2017 година компанијата и Стјепановиќ биле тргнати од црната листа.