Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:
Енеретската заедница во официјален извештај, вели дека, денес, Северна Македонија е шампион во реформи во енергетска политика.
Еве зошто реформите во македонската енергетска политика се прогласени за шампионски:
1️⃣ Цената на струјата престана да расте!
Денес, имаме најниска цена на струјата во Европа:
Од 2006 до 2016 година ВМРО ДПМНЕ ја покачи цената на струјата за сите потрошувачи за 100%.
СДСМ ja намали и стабилизираше цената на струјата.
2️⃣ Ја вративме евтината тарифа на струјата!
ВМРО-ДПМНЕ беше против враќањето на евтината тарифа, тврдеа дека така ќе поскапела струјата. Еве не, две години потоа, имаме евтина тарифа и ниска и стабилна цена на струјата.
3️⃣ Зголемено е домашно производство на струја!
Во време на ВМРО-ДПМНЕ имаше пад од 25% на домашното производство на електрична енергија, а увозот достигна вртоглави 38%.
Денес, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ/ЕЛЕМ) не купува електрична енергија. ЕСМ продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.
4️⃣ ЕСМ денес има добивка од 80 милиони евра, средства кои се вложуваат за потребите на граѓаните!
10 милиони евра од овие средства оваа сезона ќе бидат вложени за 10.000 семејства да добијат еколошки инвертери за борба против аерозагадувањето.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата се вложуваа во барокни згради, рајски градини и други фикции од мозоците на Мицкоски и Груевски.
5️⃣ Цената за приклучок за броило е намалена од 500 на 370 евра!
Со години, за обичен приклучок на електричната мрежа се плаќаа 500 евра, од оваа година за прв пат цената е намалена за 26% и изнесува 370 евра.
6️⃣ Намалена е цената на парното греење!
Со намалување ДДВ-то од 18% на 5% на сметките за парно греење, остануваат повеќе пари во семејните буџети на граѓаните, а овој еколошки начин на греење станува подостапен за нови корисници.
7️⃣ Граѓаните кои не користат парно греење денес не плаќаат!
Во време на ВМРО-ДПМНЕ и исклучените од парно мораа да плаќаат. Ние тоа го запревме и овозможуваме услови граѓаните повторно да се вратат да се греат на овој еколошки начин на греење, по прифатлива цена.
8️⃣ Во тек е интензивна гасификација на Северна Македонија!
Инсталирани се 101 км цевки за гас во рамки на примарната мрежа на делниците Неготино – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. Степенот на реализација изнесува 74%. Денес, целосно се завршени сите административни процедури за интерконекторот за гас со Грција. За ова добивме европски грант од 13 милиони евра. Мицкоски и Груевски, 11 години инсистираа на целосна зависност од рускиот гас.
9️⃣ Македонско сонце за македонска енергија, фотоволтаични електрани низ целата држава!
108 јавни објекти во преку 40 општини добија фотоволтаични системи со што годишно се заштедуваат 196.000 евра од општинските буџети. Владата додели дозволи за 35 мегавати нови фотоволтаични електрани за кои не плаќа никаква тарифа, а Електрани на Северна Македонија се пред почеток на изградба на нова електрана во стариот рудник во Осломеј од 10 мегавати.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години се изградија само 18 мегавати фотоволтаични електрани, за кои 20 години ќе плаќаме вртоглаво високи цени на енергијата.
Спротивно на сѐ наведено погоре, Мицкоски како директор на ЕСМ (тогашно ЕЛЕМ) ја водеше најлошата енергетска политика во земјава. Најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ денес е најнеуспешниот лидер на опозицијата.
https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10158030490572932/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARA5EjjwEQdXG2ikAJ0pp1TXtASG3Ld9uD3DSDNNhBq4XINTwjSLDvsVGSJdG0r0EYncUpJq7ZVUFaClb4IZHRxWpjKIJHj2N_YxXKmcfD-KOxCQXElbepKChcteqpFDQWaAGEV3w14OPCoOgXW5Lbn1qA_ZWvtixp2VvhCj6orDHM2KyJi2sx3yFs_70yGenD7oIExFbWgQlS8JvTibqxIIX4wre2LHEreSuJ5l4SRJpWqPQQiojBXhGvEE1hpXle4QJ1AZX29QwngPq9zwi_-gjG7GV5F-hNlYNbR5_ghn10s1x28ufh60yYo3dbQCezCX_aPEAnEHrU08JA&__tn__=-R