12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

ПОЦ: Отстранети 266 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (14.11 – 20.11.2019 година) со специјалните возила „пајак“ се подигнати 266 возила од јавните површини, информира ПОЦ. Како што се наведува, од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 41 е отстрането од зонските паркиралишта, а преостанатите 225 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 489 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 41 возило е отстрането со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС-порака или со греб-картичка.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар е единствена општина што оформи свое јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар”

C +

Јакимовски: Фотоволтаичните панели не се шминка, туку вистинска работа

C +

Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар

C +
error: Соддржината е заштитена.