-Ревизорот откри дека кампањата за Гордана Сиљановски и ВМРО-ДПМНЕ е непокриена 400.000 евра, изјави денеска Љубе Бошковски.
-Очекувам во една транспаретнта судска постапка да се докаже дека Јанушев и други во ВМРО-ДПМНЕ, извршиле дело спротивно на Изборниот законик, рече Бошковски.
Судењето за апсењето на Љубе Бошкоски денеска почнува одново поради смена на поротник и поради истечените 90 дена од рочиште до рочиште. По речиси година и половина, целиот процес ќе треба да се повтори што значи и повторно сослушување на сите сведоци.