Мерките во земјоделството се на прав пат. Инвестираме во модернизација на земјоделството. Токму овде во Ресен работиме за изградба на нов откупен-дистрибутивен центар со капацитет од 5 до 8 илјади тони со што ќе се зголеми конкурентноста на производите од овој регион и ќе ги доближи до странските пазари, рече членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Ресен.
Димковски се осврна и на влoжувањето во промоцијата и потенцираше дека со новиот Буџет за рурален развој од 400 илјади евра денес имаме буџет од 1 милион евра, за присуство на европски и светски штандови каде ќе се промовираат македонските производи, зеленчукот, овошните производи и виното.
Земјоделските задруги се финансирааат со 90 отсто субвенционирана машинерија. Овозможуваме земјоделецот да го врати својот дигнитет, да има помали трошоци, а поголем квалитет и покункрентно производство, заклучи членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски.