27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Царовска: Покажавме дека со реформа која што почна да се имплементира на почетокот на ова година, успеавме да заштедиме 3 милијарди и 700 милиони

Министерката Мила Царовска вечерва е гостинка во емисијата Топ Тема на Телма:

Прашање: Првиот дел од дебата, за дополнителното зголемување на пензиите. Тоа дополнително зголемување на пензиите секако дека го отвора и прашањето за стабилноста на Фондот за пензиско. Особено ако се слушнат и тврдењата, односно реакциите во јавноста дека ова го правите предизборно, бидејќи се покажа дека пензионерите се добро гласачко тело, кое што и претходната Влада практично пред сите избори кога имаше ги зголемуваше пензиите. Дали сега и вие по тој тек тргнавте? Тука претпоставувам вашиот одговор ќе биде: Расте минималната плата, расте просечната плата, имаме основа. Но зошто тогаш не ги вклучивте овие основи тогаш кога ги правевте реформите?

Царовска: Пензискиот систем е навистина важен систем во нашата држава, и можам да кажам дека сум единствен министер коишто додека е на власт а не во опозиција, зборуваше за стабилност на пензискиот систем и како тоа треба да направиме реформа за да тој биде поефикасен, да ги постигнува целите, а тоа е: Да исплаќа пензии во моментот, да прави заштеда со реформата, дополнително да е спремен да го издржи периодот кога ние ќе треба, „Јас и Лазар да земаме пензии“ и тоа го направивме. Покажавме дека со реформа која што почна да се имплементира на почетокот на ова година, успеавме да заштедиме 3 милијарди и 700 милиони, и со тоа ја намаливме дупката од 19 милијарди на 15 милијарди, дополнително тоа што можам да го кажам е дека: Со оние политики коишто 10 години биле спроведувани, од 2006 год, каде што процентот дефицит во ПИОМ е 8 %, достигнува до 2017 год, на 29 %. Ние за две години тој процент на дефицит ви ПИОМ го спуштаме на 21 %, рече Царовска.