Ве уверувам дека на 12 април граѓаните ќе го покажат задоволството од оваа влада. Оваа влада нема негативни негативни искуства, сите се позитивни, тоа го црпам од граѓаните. Зголемување на плата во сите сектори, социјалната парична помош зголемена за 3 пати, која ВМРО-ДПМНЕ ја држеа и злоупотребуваа за избори, зголемување на минмалната плата, енергетски додаток, ова се искуствата од оваа влада, и сите се позитивни, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на денешната дебата во емисијата Топ тема.
-Довербата на граѓаните е висока, имаа очекувања и добија резултати. Луѓето го поддржаа ова што ние го правиме. Јас како министерка и како влада се грижам за секој како единка и затоа растеме. Јас ги кажувам сите мои решенија вие не кажавте ниту едно. ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаква свежина и продолжува по истата патека како порано. Сакав денеска да слушнам аргументи и свежина од ВМРО-ДПМНЕ, но не видов такво нешто, вели Царовска.
На вечершната дебата се отвори темата и за иселувањето на младите од државата. Акутелната министерка истакна дека најголемиот дел од младите си заминале од Македонија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ поради недемократската атмосфера која владеела во тој период.
-Младите си отидоа во времето на ВМРО-ДПМНЕ затоа што луѓето се плашеа, немаше демократска атмосфера, луѓето шепотеа. Ние воведуваме младински додаток и уште многу други мерки се со цел да ги задржиме младите луѓе тука кои треба да се моторот на општеството, вели Царовска.