СВР Битола поднесе кривична пријава против О.А.(62) од Битола, хирург во Клиничка болница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. На 20.04.2019 пријавениот извршл хируршка интервенција над С.П.(53) од Битола, која според исписната листа се водела на болничко лекување од осум дена, и покрај фактот што во исписната листа имало прекин од два дена.
На 25.04.2019 од домот на сега веќе починатата, телефонски била побарана лекарска помош од Итната медицинска помош и домашно лекување и била префрлена во Клиничка болница Битола.
На пациентката не ѝ била укажана лекарска помош според стандардните лекарски процедури при внатрешни крварења, по што на 26.04.2019 во 22.10 часот починала на Одделението за хирургија.