Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром“ додека не се стават филтрите нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово, зборувајќи за мерките против загадувањето.

Тој нагласи дека сите досегашни мерки покажуваат дека постои заложба прашањето да се реши заеднички.

„Знаете дека некогаш е тешко и 500.000 евра или еден милион евра да определите. Определивме повеќе од 15 милиони евра буџетски пари, пари од државата за да можеме да успееме со резултатите секоја година, дел по дел, за да се успее во борбата против аерозагадувањето“, истакна премиерот.

Тој изрази уверување дека во следните години ќе се покажат резултати во борбата против загадувањето.

„Знам дека граѓаните не очекуваат од утре решение, но сите овие чекори кои ги преземаме се сериозен импакт којшто го даваме во општеството и верувам дека годините кои доаѓаат пред нас ќе бидат успешни во борбата против аерозагадувањето“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК