-Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува и докажува дека вистински се грижи за сите граѓани. Уште една потврда за тоа е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од 1 јануари 2020 година, соопшти денеска СДСМ.
„Ова воедно е трето покачување на платите на наставничкиот кадар, откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто.
Севкупно, наставниците за еден нецел мандат на Владата предводена од СДСМ, добиваат повисоки плати за 20 отсто. За поместувањето на исплатата за три месеци, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.
СДСМ и Владата која ја предводи продолжува да работи во насока на подобрување на образовниот процес вклучително и преку поставување на дигнитетот на наставничката професија на повисоко ниво, вреднување на трудот и поголема мотивација на наставниците. “ – се вели во соопштението.