23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски не може да побегне од кажаното, за тоа што се радува на блокадата во ЕУ следува казна од граѓаните на 12 април

-Мицкоски не може да побегне од кажаното. Цел свет призна дека Република Северна Македонија испорача и ги направи сите потребни реформи за да добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ, само Мицкоски се радуваше на блокадата за отпочнување на преговори. Тоа е вистинското лице на Мицкоски. Тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ која се уште функционира под диригентската палка на Никола Груевски, соопшти денеска СДСМ.

-Граѓаните не сакаат враќање на режимот, не сакаат враќање назад, изолација и неизвесност. Единствена обнова што ја нуди Мицкоски е обнова на криминалот и расипништвото, велат од владејачката партија.