16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пендаровски во официјална посета на Италија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Италија. Тој во Рим ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Претседателот Стево Пендаровски ќе има средба и со претседателот на Долниот дом на италијанскиот Парламент, Роберто Фико, како и заедничка средба со сенаторот Еторе Личери, претседател на Комитетот за европски прашања, сенаторот Лучијано Д’Алфонсо, претседател на групата за пријателство со Интерпарламентарната унија и членови на комисиите на Сенатот за надворешни работи, одбрана, европски прашања и на групата за соработка со Република Северна Македонија.

Во рамките на официјалната посета на Република Италија, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Факултетот за политички науки, социологија и комуникации на Универзитетот Сапиенца во Рим.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.