24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Павлевски: Се гради во сите општини низ државата, обезбедуваме квалитетни јавни услуги за сите граѓани

Прес конференција, Дејан Павлески, претседател на Комисија за локална самоуправа на СДСМ – интегрален текст:

 

Владата предводена од СДСМ и градоначалниците на СДСМ интензивно и фокусирано работат за обезбедување на подобар живот за сите граѓани.

Доказ за успешноста на политиките на СДСМ за овозможување на рамномерен развој е долгата листа на исполнети ветувања, во сите региони и општини.

Ги исправаме децениските неправди. За разлика од игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, преку конкретни проекти се грижиме за реалните потреби на граѓаните.

Додека ВМРО-ДПМНЕ се расфрлаше со народни пари на споменици, жални врби и барок, СДСМ ги решава реалните проблеми на граѓаните ширум целата држава, и во моментот се гради како никогаш досега.

За две години:

· Во Општина Центар, после 40 години изградено е ново основно училиште,

· Во Општина Штип, после 30 години за прв пат се изгради детска градинка,

· Во Општина Карбинци, за прв пат се асфалтираат пристапни патишта за селата на Плачковица,

· Во Општина Ѓорче Петров за прв пат се градат улици, водоводи и фекална и атмосферска канализација во руралниот дел – Волково, Кучково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Никиштани, Грачани.

· Во Општина Македонски Брод, по 30 години завршена е реконтрукција на регионалниот пат Македонски брод – Самоков, а за прв пат се реконструирани пристапните патишта во селата Косово, Сланско и Манастирец и што е многу важно за граѓаните од овој регион, за прв пат поставена е водоводна мрежа во селата Сушица, Инче, Горни и Долни Манастирец и Белица.

· Во Општина Чешиново-Облешево, се гради канализациона инфраструктура во 3 села

· Во Општина Новаци по 70 години реконструиран е патот од Рапеш до Старавина и со тоа кон сите села во Мариово сега се патува по асфалтен пат,

· Општина Чашка и Општина Долнени се поврзуваат инфраструктурно. После 70 години за прв пат се пробива, проширува и се асфалтира патниот правец од Стровија до Богомила.

· После повеќе од 30 години, Ресен добива нов лик. Се врши комлетна реконструкција на главните улици, спортската сала и Градскиот пазар.

И, ова се само мал дел од спроведените проекти кои цели 11 години беа игнорирани од страна ВМРО-ДПМНЕ, а имаат огромно значење граѓаните. Тоа е разликата помеѓу опозицијата и домаќинското работење на централната и локалната власт предводени од СДСМ.

Се гради во сите општини низ државата, обезбедуваме квалитетни јавни услуги за сите граѓани, современи училишта, детски градинки, регионални и локални патишта, здрава вода за пиење, канализации, собирање и депонирање на отпад, отстранување на дивите депонии, заштита на животната средина, поттикнување на претприемништвото и нови вработувања на целата територија на државата

Политиките за рамномерен развој на државата и општините се на прав пат, а интересите и потребите на граѓаните се и ќе останат главен приоритет за СДСМ.