24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Во Шведска од аеродром до ски-центар со санки влечени од кучиња

Љубителите на зимските спортови може да го обележат новото место на мапата, шведската планинска област Даларна, во која е сместен и ски-центарот „Сален“, кој набргу ќе има свој аеродром и на 22 декември ќе ги пречека своите првите патници.

Новиот аеродром ќе ги поврзе патниците од целиот свет со скијачките региони Саелен, Идре и Клапен, како и блискиот норвешки ски-центар „Трисил“.

Шведскиот аеродром „Сален Трисил“ ќе биде првото пристаниште во светот што нема да има контролна кула, туку ќе биде заменета со виртуелна.

Посебна атракција за туристите ќе биде превозот до ски-центарот. Наместо да бидат однесени со автобус од аеродромот до хотелот, посетителите ќе бидат превезувани со санки влечени од кучиња.

Возењето со кучешка запрега ќе трае помеѓу 45 минути и еден час и ќе чини 510 долари за четири лица.

Летовите до новиот аеродром SCR (Scandinavian Mountain Airport)) веќе може да се резервираат од аеродромите во Копенхаген и Стокхолм./Makfax