Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Нула толеранција за било какви закани, уцени врз новинарите и медиумските работници и за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето

На Меѓународниот ден за прекинување на политиката на неказнивост на насилството врз новинарите, сакам да потсетам на ставот на оваа Влада: Нула толеранција за било какви закани, уцени врз новинарите и медиумските работници и за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето, Соопшти премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

– Во изминативе две и пол години, како Влада заедно со сите засегнати страни континуирано работиме во интерес на новинарите, нивните права и нивната безбедност во остварувањето на нивните задачи.

Тие што ја загрозуваат новинарската професија во исто време ја рушат демократијата.

Изминавме долг пат за да дојдеме до ова ниво, како што доликува на едно современо демократско општество. Сега е време судската власт да ги затвори сите случаи на насилство врз медиумските работници и да ги санкционира сите кои се виновни за нападите врз новинарите, порача Заев.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК