Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Што се случува со Преспанското езеро? – Драматично повлекување на езерската вода

Драматично повлекување на водата на Преспанското Езеро од неколку метра е забележано овие недели, а за овој феномен сведочат островчињата на самиот брег.

Преспанското Езеро со години се повлекува, а езерската вода, според истражувањата преку подземни канали под планината Галичица се влива во Охридското Езеро.

Една од причините за ваквото повлекување е повеќемесечната суша која го има зафатено регионот.

Езерото во последните 30-тина години драматично се повлекло во однос на 80-тите и 90-тите години во минатиот век. Сепак феноменот на повлекување е се’ позабележителен последниве години, а деновиве сме сведоци на уште поголемо повлекување, за што институциите треба да реагираат.

Преспанското Езеро е едно од најубавите природни Езера во Европа и се простира во Преспанската котлина, на уникатна локација меѓу два национални парка Галичица и Пелистер на надморска висина од 853 метри. Природните убавини од двете планини му даваат особена автентичност и уникатност на овој дел од земјава. Преспанското Езеро се простира меѓу три држави, од кои најголемиот дел го има Македонија, а потоа Грција и Албанија.

видеата и фотографиите се направени во Претор, на 2.11.2019.

Можеби ќе ве интересира

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК