13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Загадувањето на воздухот е огромен проблем, надлежните инспектори итно да ги засилат сите контроли

Загадувањето на воздухот е огромен проблем за кој имаме обврска да ги ангажираме сите расположливи капацитети во општеството, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

-Изминатава недела се соочуваме со нови подметнати пожари кои дополнително ја отежнуваат ситуацијата. Затоа дадов насока на министрите Оливер Спасовски и Насер Нуредини итно да ги повикаат сите надлежни инспектори на состанок во Владата. Очекувам да се засилат сите контроли и сите надлежни да бидат постојано на терен со цел да се откријат и соодветно казнат оние кои го загрозуваат нашето здравје, објави Заев.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне

ДЕСК

Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

ДЕСК

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.