Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Објавени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на бензините. Според објавата, малопродажните цени на „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари за литар во однос на цените утврдени со одлуката од 21.10.2019 година, и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ изнесува 67 денари за литар, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ изнесува 69 денари за литР.

Малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 21.10.2019 година, и со тоа малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) изнесува 62 денара за литар.

Можеби ќе ве интересира

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК

Поскапија угостителските услуги – оваа година плаќаме поскапо кафе и јадеме поскапа храна по локалите

ДЕСК

Британец одбил интервју за работа – не сакал да го интервјуира вештачка интелигенција

C +