Centar.mk
БИЗНИС

Да има или не обложувалници и казина во близина на училиштата? – Поднесена нова иницијатива во Собрание

ДУИ ја отвора темата за обложувалниците и казината да бидат дислоцирани од образовните установи.

Според планот на ДУИ, обложувалниците и казината треба да бидат оддалечени од најмалку 500 метри од факултетите и училиштата.

Во изјава за Сител телевизија, пратеникот од ДУИ, Еуп Алими рече дека обложувалниците едиствено служат за да се крадат граѓаните за поголем профит на олигарсите и затоа потребно е да бидат подалеку од младата популација. Коцкањето создава зависност. Сите обложувалници годишно имаат промет од 300 до 400 милиони евра, што значи во просек по 500 евра годишно троши едно домаќинство во казина и обложувалници. Од нив, 100 милиони завршуваат во буџетот за давачки, а останатите 300 милиони во џебот на олигарсите. За што служат обложувалниците кои ги има на секој чекор? Служат да се крадат граѓаните, да стануваат се посиромашни. На општеството не му носат ништо добро, освен на џебот на олигарсите“, рече Ејуп Алими за Сител.

Инаку, според сознанија на Centar.mk коцкањето ќе биде регулирано на начин сличен како во европските земји.

Можеби ќе ве интересира

Царина и АХВ потпишаа нов меморандум за соработка – Заеднички против сите обиди за криминал со храна, безбедноста приоритет

ДЕСК

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 56. сесија на Клубот на истражувачите

ДЕСК

Прва заедничка координација на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.