23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ која 11 години беше на власт најави економски бум доколку пак ја зграбат власта во свои раце

Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски денеска од луксузната бела плата која чини милиони евра, најави дека неговата партија веќе има план за тоа како да ја започне економската обнова на земјата, а тоа, како што рече, граѓаните ќе го почуствуваат уште во првите 100 дена од новата влада.

„Доаѓа обнова на Македонија и економски бум, имаме најавени проекти од странски компании кои ќе ги претставиме во наредниот период, а ќе се реализираат во 100 дена од новата влада“, порача Мицкоски.

– Неуспешните политики на Зоран Заев и оваа арамиска влада не можат да се премолчат. Оваа влада уништува стандарди и носи лоши резултати, уништувајќи ги животите на граѓаните, рече на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој констатираше дека факт е оти владата на Зоран Заев не прави реформи, не сака да прави рефрорми и нема план за правење реформи. Додаде дека ваквиот факт е потврден и од ЕУ и Светската банка.

„Светската банка во извештајот кој го издава еднаш годишно, ‘Дуинг бизнис’, потврдува дека годината најавувана како економска година се претвори во економско цунами. Забележан е пад од 7 места и Македонија сега е позиционирана на 17. место, а земјата бележи назадување во сите 10 индикатори кои се оценуваат од Светската банка“, истакна лидерот на опозициската партија.