24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ангеловска на Фејсбук: Поддршка за сите оние храбри жени кои се борат со рак на дојка

На крајот на месец октомври – месец посветен на борбата против ракот на дојка, да ги сумираме сите совети и пораки кои ги слушнавме изминативе недели од лекарите и активистите и уште поважно – да ги пренесеме! – објави министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук.

„Да ги пренесеме на својата мајка, сестра, пријателка, колешка… само така ќе се зајакне општата свест за борба против оваа широко распространета болест.

Ова им го порачав и на колешките од Министерство за финансии на предавањето за борба против ракот на дојка, кое го одржа доктор Светлана Темелковска во Министерството, за што сме ѝ многу благодарни. Пренесете ја пораката на најмалку три жени и така и вие станувате активен чинител во борбата против рак на дојка:

Превенцијата и раното откривање на болеста се клучни. За самопреглед се потребни само две минути во денот. ”Немам време” и ”не можам” не смеат да бидат опција

Еднаш годишно закажете преглед на лекар, особено за жените над 40 години кои требаат еднаш во годината да направат мамографија

Ракот на дојка се лекува. Колку порано се открие, толку се поголеми шансите целосно да се излечи.

Поддршка за сите оние храбри жени кои се борат со оваа болест.

И да не оставиме само октомври да биде месецот на розoвата панделка, да зборуваме и делуваме во текот на целата година!“ – напиша Ангеловска.