24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицотакис: Преспанскиот договор е нагативен за нас, но ја поддржуваме европската перспектива на Западен Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ќе биде фактор за стабилност во регионот, туку и инструмент за модернизација на соседните земји, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Солун за време на меѓународен симпозиум.

„ Многу пати од овде, од Солун, изјавив дека сме земја која повторно ќе биде лидер меѓу соседите на Балканот. Затоа очекувам земјите од Западен Балкан да одговорат правилно на нивните обврски поврзани со нивната европска перспектива“, рече Мицотакис.

Според грчкиот премиер, договорот од Преспа е негативен за Грција, но нема да го доведе во прашање неговото спроведување. Тој рече дека внимателно ќе следи како соседите ги исполнуваат своите обврски, особено во врска со сè уште нерешениот проблем со македонските производи./Makfax