Во текот на вчерашниот ден кај осум лица во неколку различни градови била пронајдена марихуана.
„На 21.10.2019 околу 20.35 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(21) од Гостивар и Ш.Ј.(18) од гостиварското село Равен, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.
На 21.10.2019 во 22.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле С.В. (36) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 21.10.2019 во 22.40 часот во с.Горно Нерези, скопско, полициски службеници на СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.С.(21), Д.Ш(23) и Г.С.(22), сите од Скопје, поради тоа што при нивен и преглед на патничко возило „сеат леон’’ била пронајдена марихуана.
На 21.10.2019 околу 22.50 часот во тетовското село Боговиње полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.Х.(26) и С.С.(22), двајцата од Тетово поради тоа што при нивен и преглед на возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, биле пронајдени кокаин и марихуана“ стои во извештајот од полиција.
По целосно документирање на сите случаеви, против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.