23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Нема да верувате какви сè состојки содржи белиот леб!

Имено, бројни производи содржат некои од состојките на кои никогаш не би помислиле, на пример – човечка коса.

Верувале или не, но лебот купен во локалната продавница може да содржи човечка коса. Но тоа не е само залутано влакно кое може да се пронајде во храната, туку L-cysteine од коса кој се користи за продолжување на рокот на траење на лебот, а покрај тоа е главен „виновник“ за мекоста на повеќето пекарски производи.

Научниците известуваат дека најголемиот дел од косата која се користи за аминокиселината доаѓа од Кина каде се собира во берберниците и фризерските салони.

Белиот леб е единствен вид на леб кај кого се употребува L-cysteine, а можете да го избегнете со избор на леб од цели житарици, под услов да нема адитиви во брашното или едноставно сами да си месите леб дома.

Инаку, L-cysteine е невозможно да се избегне кај познатите ланци за брза храна.

Без оглед на налепницата на пакувањето и внимателното читање на составот, постојат големи шанси да јадете непосакувани работи и додатоци.

А.С./М.Т.