Јавното претпријатие „Паркинзи на ппштина Центар (ПОЦ)“ во соработка со скопската сообраќајна полиција во изминатите седум дена санкционирале 326 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 14 до 20 октомври, со помош на специјалното возило ‘пајак’ отстранети се 154 непрописно паркирани возила, од кои три несовесно паркирани возила на паркинг-места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување механичко средство ‘блокатор’ санкционирани се 172 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, објаснуваат од ПОЦ.
Од таму апелираат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците./Makfax