Сега е моментот да ги прашаме граѓаните, со чист образ и одговорност одиме на избори на кои ќе докажеме дека продолжуваме на прав пат. Ова е пораката од граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга, на која свое обраќање пред присутните имаа потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, претседателот на комисијата за економија на СДСМ Кирил Колемишевски и пратеникот Јован Митрески.
-Постои една порака многу јасна и најважна, ние нашето го испорачавме ,Европската Унија направи историска грешка. И тоа е порака испратена од највисоките претставници на Унијата. Со чист образ и многу долга листа исполнети обврски дојдовме во Брисел. Се она што зависеше од нас беше исполнето, порача Шекеринска.
Разбирливо е разочарувањето на граѓаните, но едно нешто останува јасно, ова што ни се случи не прави посилни, не прави повеќе убедени дека сме на вистинскиот пат и дека ќе победиме, додаде Шекеринска.
Само ако останеме на правиот пат од државата може да направиме квалитетно и удобно место за живеење, во кое секој ќе ја гледа својата иднина, истакна претседателот на Комисијата за економија на СДСМ Кирил Колемишевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.
Членот на ЦО на СДСМ, пратеникот Јован Митрески на трибината во Струга нагласи дека сега треба да одбреме дали ќе одиме по правиот пат или ќе се вратиме 100 години назад, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има само една цел – да го заштити криминалот и криминално стекнатите пари од времето на своето владеење.