22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТАВ

Русија бара да се преместат седниците на ОН од Њујорк

Русија поднесе официјално барање седниците на првиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации да не се одржуваат во Њујорк, туку во Виена или Женева.

Според информациите, документот е предаден. САД не одобрија визи на една третина од руската делегација, која требаше да присуствува на седницата на првиот комитет на ОН.

Првиот комитет на Генералното собрание на ОН за прашања за разоружување традиционално почнува со работа во октомври и заседава речиси секој ден овој месец./Makfax