Гиганти од градежната индустрија една француска и една германска во игра за клинички центар Тендерот за изградба на новиот клинички центар тукушто ја заврши првата претквалификациона фаза со која завршува и евалуацијата на сите компании заинтересирани за учество. Како што дознаваме од наши извори во оваа претквалификациона фаза биле влезени 4 компании, и тоа од Италија, Германија Франција и Холандија.
Станува збор за големи компании кои што во своите портфолија бројат по стотици проекти низ целиот свет. Една од нив е француската Bouygues construction, со повеќе од 40 годишно искуство и е специјализирана за комплексни градежни проекти низ целиот свет. Дизајнира, гради и управува со проекти во секторите градежништво, инфраструктура и индустрија. Со свои претставништва е присутна во Европа (Велика Британија, Полска, Чешка), Азија (Сингапур, Хонг Конг, Тајланд), Африка (Мароко, Нигерија, Мадагаскар), Америка (САД, Канада) и Океанија (Австралија) а со свои проекти е присутна буквално насекаде низ светот.
Од хотели во Дубаи, до дипломатски претставништва. За работата на Bouygues construction извесно е дека во својот пристап својата глобална експертиза ја комбинира со локалните компании подружници. Годишниот обрт им е 12.4 милијарди € од кои 61% доаѓаат од меѓународни проекти. Другата заинтересира фирма е германската Вамед (Vamed) којашто работи нешто повеќе од 3 децении има имплементирано повеќе од 900 здравствени проекти прилагодени на услуги за болници и други здравствени установи во околу 90 земји и ширум светот. Од четирите компании после евалуацијата во претфквалификационата фаза, во следната фаза продолжуваат две компании бидејќи комплетно ги исполнуваат условите од тендерот и од законот за јавна набавка. Според процедурата за еден ваков тендер, после оваа фаза следат уште две фази, односно втората на дијалог и третата фаза на поднесување на конечни понуди.