8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Се разгледува можноста за новa авиолинија Скопје – Тел Авив

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се сретна со Почесниот конзул на Република Северна Македонија во Израел, Шломо Грацијани и директорот на Директоратот за воневропски држави, Амбасадорот Пајо Авировиќ.

На средбата се разговараше за можноста за воспоставување на нова директна авиолинија од Скопје до Тел Авив, при што министерот Сугрески ги презентираше можностите и условите за воспоставување на линии од двата аеродроми.

„Развојот на авиосообраќајот е стратешка определба на Владата и нашите активности се насочени кон проширување на мрежата на дестинации достапни за граѓаните, преку воспоставување на нови директни авиолинии и интензивирање на соработката со останатите земји во светот. Оваа средба беше одлична можност заеднички да ги разгледаме условите за воведување на нова авиолинија Скопје – Тел Авив, која би била од бенефит за двете земји“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Воспоставувањето на оваа линија ќе придонесе за развој на туризмот, зголемување на економската соработка и промоција на културните вредности и природни богатства на двете земји, истакна Сугарески.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено барање до пратениците за итно зголемување на минималната плата на 500 евра!

ДЕСК

ДРЖАВАТА ЌЕ ДЕЛИ КЛИМА УРЕДИ: Право на пријавување на јавниот оглас ќе има оваа категорија на граѓани

ДЕСК

Не запира растот на инфлацијата и трошоците на живот: За една година производите на мало се покачени за 5.3 проценти, а инфлацијата во споредба на јули со јуни е цели 1,1%

ДЕСК