23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

Најлоши и најдобри позиции за спиење

Искривеноста на телото за време на сонот може да предизвика стрес и напрегање на ‘рбетот, вратот, рамениците, колковите, па дури и вилицата, која влијае на тоа како се чувствувате следниот ден.

Поради тоа пронајдете ја најубавата положба и спијте мирно. За заморот кој го чувствувате по спиењето го обвинувате тврдиот кревет или перница. Можеби тоа е во прашање, но често проблемот се јавува поради неправилната положба на телото за време на спиењето. Важно е, колку што можете да изберете правилна положба за спиење. За време на изборот, имајте ги во предвид трите криви на вашето тело: една од долниот дел на грбот, во средината на грбот и една околу вашиот врат. Ваша цел е да ги задржите природни кривите и за време на спиењето. 

Положба на стомак 
Ноќ помината на стомак, главата свртена на страна, а рацете преплетени под перницата. 
Проблемот на оваа положба е тоа што во оваа позиција премногу се истегнува вратот и ги ставате под притисок нервите во рацете. Тежината на вашето тело ги притиска белите дробови што смета при длабоки циклуси на издишување и вдишување, а со тоа и непотребно ги притискате градите. 

Како да ја подобрите: Под главата не користете перница, а по должината на телото под едната страна ставете подолга перница која треба да биде наместена под колковите. 

Положба војник 
Спиење на грб. Проблемот е тоа што јазикот може да падне навнатре и да ги блокира дишните канали, па поради тоа оваа позиција не е добра за луѓето кои патат од апнеја. Исто така, оние кои спијат на грб повеќе се склони кон рчење. 
Како да ја подобрите: Имајте на ум дека грчењето ја излудува личноста што спие до вас. Но доколку сакате да спиете во оваа положба, барем поставете перница под колената и мало перниче под долниот дел на грбот. 

Положба заспана убавица 
Овој тип на спиење подразбира спиење на една страна во која грбот е незначително искривен заедно со колената, а рацете се свиткани. 
Оваа позиција е најздрава положба за спиење. Таа се поклопува со природната искривеност на ‘рбетот. Положбата можете да ја подобрите ако ставите перница меѓу колената. На овој начин вие ги релаксирате колковите. За потпора на главата користете средно висока перница. Пробајте и со водена перница која може едноставно да се прилагоди. 
Ако имате висок притисок пробајте да спиете на левата страна, а доколку во бубрегот имате камен тогаш спијте на спротивната страна.