11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZИЗБОР

12 години без Тоше

На утрешен ден пред 12 години, кобниот 16-ти октомври загина македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, во тешка сообраќајна несреќа која се случи крај Нова Градишка, на автопатот Загреб-Липовац.

Пејачот почина на 26 годишна возраст.

Движејќи се на патот кон Загреб, Тоше седеше на совозачкото место во автомобилот, со кој управуваше неговиот пријател Ѓорѓи Ѓоргиевски. Возилото удри на страната каде седел Тоше, пришто тој почина на лице место. Во автомобилот покрај Тоше беше и неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, која како и возачот се здоби со полесни повреди.

Проески објави седум албуми, од кои неколку и со превод на српско-хрватски јазик. Последниот „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

Да беше жив денес ќе имаше 38 години.

Спонзорирано: