14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево време со температура до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, во попладневните часови oблачноста ќе се намалива и ќе преовладува ведро време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец, соопшти УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 13, а дневната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови, времето во земјава ќе биде стабилно, суво и релативно топло за овој период од годината. Од петок се очекува промена на временската состојба кај нас.

Можеби ќе ве интересира

Обезбедени 170 милиони денари субвенции за инвертер клими за ранливите категории, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

C +

На автомобил врзале куче и го влечеле по пат, ужас во Крива Паланка

ДЕСК